Фаталната Бразилка го засени целиот Кан во многу смел фустан: Нејзиното извајано тело се должи на рутината што слепо ја почитува!

Презгодна!

Изабел Гулар се појавила на Канскиот фестивал во необичен фустан и ги оставила сите без текст

Најогнената Бразилка и една од најубавите жени на светот Изабел Гулар маѓепсала со својата појава на Канскиот фестивал во многу смел и провокативен фустан. Имено, манекенката присуствувала на проекцијата на филмот „Убијци на цветниот месец“ на режисерот Мартин Скорсезе, во кој глумат плејада актери, како што се Леонардо Ди Каприо, Роберт де Ниро и Брендон Фрејзер.

Но кога зачекорила на црвениот килим во креација во истата боја, сè друго било фрлено во сенка од страна на нејзиниот привлечен изглед и заводлива насмевка.

Иако потребна е смелост да се облече ваков модел на фустан, со оглед на тоа што има прорези на многу незгодни места, Изабел го изнела тоа на совршениот начин, па ништо не изгледало вулгарно, туку привлечно и неодоливо сексапилно.

До израз дошла нејзината совршена фигура на која се гледа секој мускул, а целиот стајлинг го надополнила со впечатлив накит, додека косата ја врзала во високо опавче. А минималната шминка на природен начин ги истакнала нејзините прекрасни црти на лицето.

Многумина се воодушевени од нејзината става и се прашуваат како успева да ја одржи топ-формата. Како што еднаш открила, тајната на нејзиниот совршен изглед е правилната балансирана исхрана и напорното вежбање.

„Јас тренирам како да сум професионалец во тој спорт. Ако имате фокус, мотивација и посветеност, можете да ги постигнете своите цели. Се трудам намирниците што ги внесувам во моето тело да вклучуваат протеини, јаглехидрати и зеленчук. Кога јадам во ресторан, се трудам тоа да биде што поздрава храна“, открила таа своевремено за своите навики.

Изабел открила дека се труди да готви секој ден кога е дома.

„Утрото го почнувам со сокови од овошје, зеленчук и протеин“, вели топ-моделката.

Манекенката тренира секој ден по еден час. Често оди на пливање, на часови по кикбокс и задолжително трча.

Изабел на само 14 години запловила во манекенските води, а има красено бројни насловни страници на светски магазини. Со години беше и еден од ангелите на Victoria’s Secret.

Гулар пораснала во предградие на Сао Паоло со четворица браќа и сестра, а често во интервјуата има истакнувано дека најтешкото нешто во кариерата ѝ е тоа што е далеку од кујната на мајка ѝ и што не може да поминува време со сестрата и браќата. Иако денес е една од најуспешните манекенки на светот, Изабел немала лесно детство. Поради витата става, децата од училиште ја исмејувале и често ја нарекувале „жирафа“.

Заводлива како Изабел Гулар: Ова се вежбите на најзгодната Бразилка на светот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.