Танга-чизмите на Ирина Шајк се најнов моден тренд (ФОТО)

Ви се допаѓаат?

Ги нарекуваат визуелен афродизијак, а изгледаат бизарно и привлечно во исто време.

Ирина Шајк најпрво промовираше моден стил карактеристичен за повеќето од нас, главно се стремеше кон елеганција, а потоа, со текот на времето, изгради пооригинален стил. Сигурно забележавте дека „необичното“ е главниот моден тренд, а таа има своја верзија за тоа – додека, пак, необичните чизми се дел од нејзиниот нов моден правец.

irina shayk

Необичниот начин на облекување неминовно предизвикува реакции, но тоа што нештото е чудно автоматски не значи дека стајлингот е успешно осмислен. Невообичаените комбинации станаа моден императив така што ретко кој се осмелува да каже дека некој згрешил на моден план.

И на Ирина не ѝ се непознати грешките, иако најчесто е успешна во изборот на модните изданија.

Такво беше и изданието од кампањата Miu Miu за лето/пролет 2023 година кога носеше танга-чизми, во кои повторно се појави комбинирајќи ги со проѕирен фустан. Овие чизми достигнуваат речиси до колковите и имаат интригантен детаѝ околу прстите, па затоа некои ги нарекуваат танга-чизми, па дури и визуелен афродизијак.

Изгледаат привлечно, но и бизарно и не оставаат впечаток на удобни чевли, додека многумина се прашуваат колку е тешко да се облече таков модел. Дали ви се допаѓа?

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.