Таа е доказ дека стилот не може да се купи со пари: Девојката на најбогатиот човек на светот ќе пукне од ботокс!

Што мислите вие за нејзиниот изглед?

Девојката на Џеф Безос повторно е на удар на критики поради облеката, со зборовите дека стилот не се купува со пари

Одамна е јасно дека парите не се мерило за стилот, особено кога станува збор за Лорен Санчез, девојка и некогашна љубовница на еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос.

Фаталната бринета повеќепати има покажано дека нема стил, а најчесто се води според правилото „сè треба да е на мегдан“.

Па така, во прв план секогаш се нејзините силиконски гради или доколку носи кратко, тоа мора да е прекратка должина како да тргнала на плажа, а не во елегантен ресторан со кодекс на облекување.

Така било и за прославата на нејзиниот 53. роденден.

Имено, Џеф Безос одлучил да ја израдува својата сакана и да ѝ приреди прослава како изненадување, а таа му се заблагодарила на својот инстаграм-профил со кратко видео на кое се гледа како си поминале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

И додека Безос бил облечен во едноставна комбинација, Лорена се одлучила за кратко црно фустанче, а нејзините гради и овој пат биле во прв план. Критиките на сметка на нејзиниот изглед не изостанале ни овој пат.

Најпрво, ја критикувале поради тоа што претерала со ботоксот, поради што нејзиното лице изгледа како да ќе пукне во секој момент, исто како и усните кои ѝ се искривени од филерите. А потоа ја критикувале и поради фустанот кој повеќе открива одошто покрива.

„Дали си го нарачала фустанот од Амазон“, „Никогаш нема да научи да се облекува.“, „Она кога ги имаш сите пари на светот, но не и вкусот.“, „Имам впечаток дека ако некој ја прободе, ќе пукне како балон“, „Како овој Безос има желудник за ова“, се само некои од коментарите на Интернет.

Да се потсетиме, не е познато кога точно започнала врската помеѓу водителката и милијардерот, но нивната афера ја разоткриле медиумите во јануари 2019 година, додека Безос сè уште бил во брак со сопругата Мекензи Скот. Тој скапо ја платил својата слобода и можноста непречено да ужива во љубовта со Лорен – разводот го чинел 38,3 милијарда долари, но и 19,7 милиони акции на Амазон.

Девојката на Безос и претходно била на удар на критики поради претерувањето со интеревенции, а затоа и го има добиено прекарот „восочна фигура“. Но се чини дека колку повеќе ја критикуваат толку повеќе таа продолжува по свое.

Што мислите вие? Дали негативните реакции на луѓето се оправдани или не?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.