За Гоца Тржан ништо не е табу: Призна што ѝ паѓа на ум кога ќе го види ГОЛ сопругот, а и на што е благодарна секој ден!

Шоубизнис

Нема што да крие!

Пејачката Гоца Тржан важи за една од ретките личности од српската естрадна сцена која нема проблем да зборува без влакна на јазикот на овие теми, па така и овој пат без двоумење искоментира за сопругот Раша и неговиот љубовен живот.

„Најголемиот афродизијак е кога ќе влезе гол во соба, да не се лажеме! Секој пат кога ќе прошета така, помислувам: ‘Боже, со кого спијам секоја ноќ’… Жими се! Ти благодарам Боже што ми го даде тоа! Не можам да кажам дека се работи само за физичкиот изглед, но ако ме прашаш за афродизијак, тоа е дефинитивно тоа!“, рече пејачката.

Потсетуваме, Иван Маринковиќ, поранешниот сопруг на Гоца Тржан и таткото на нејзината ќерка, моментално е учесник на ријалити програмата „Задруга“, а поради тоа пејачката често е тема на многу разговори, таа своевремено истакна дека нејзината ќерка тоа не го ни знае и дека воопшто не го следи.

„Мојата ќерка не ни знае дека татко и` ја спомнува во реалити шоуто. Ние тоа не го гледаме. Не треба никој да го злоупотребува нејзиното име и не го дозволувам тоа. Моето дете не сака да биде популарно, не сака да се слика. До сега сум одбила толку насловни страници, бидејќи не сака да се фотографира со мене, и драго ми е, но некогаш ми е и криво, бидејќи го имам оној став „дали се срамиш од мене?“, истакна пејачката и додаде дека во иднината, Ивана и ќерките не сакаат да зборуваат за медиумите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.