Марија Шерифовиќ се прости од Лача: Ги објави последните преписки со него и му даде ветување! (ФОТО)

Тажно...

Марија Шерифовиќ се опростила од пријателот и соработник, текстописецот Милан Лача Радуловиќ, кој ненадејно почина на 36 години во Израел.

Пејачката се огласила на Инстаграм, објавила црно-бела фотографија и нивна преписка, а потоа таа даде ветување кон него, но и кон себе.

„Лачо, беше посебна билка. Патува, пријателе… И знај дека ќе се видиме некогаш, некаде“ – напишала Марија и додала дека ќе му ги исполни ветувањата кои му ги дала.

„Ти го ветував тој дигитален блог и ќе биде. Некогаш, некаде“ – напишала Шерифовиќ, па ја објавила нивната последна преписка.

Марија напишала дека ќе му исполни се што му ветила…

„И, да ќе го завршам албумот и нема да бидам мрзелива и да ќе се слушаат твоите песни“….

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.