Стајлингот на Тамара Калиниќ од кој никој не можел да тргне поглед: Треба да се има храброст за да се облече џемпер со закачалка!

Што мислите за ова?

Тамара Калиниќ го привлекла сето внимание на машката модна недела со необичен стајлинг

Машката модна недела во Милано го собрала светскиот џет-сет на едно место, како и најголемите трендсетери и љубители на мода. Секако, меѓу најзвучните имиња се нашла и Тамара Калиниќ, која никогаш не пропушта вакви настани.

Слободно можеме да кажеме дека додека манекенките владеат на пистите, Тамара е вистинска ѕвезда надвор од нив, а со модните избори има докажано зошто ја носи титулата „кралица на стилот“.

Нејзината комбинација за ревијата на JW Anderson привлекла огромно внимание. Иако на прв поглед изгледа како сосема едноставен стајлинг, еден необичен детаљ му дал посебен печат.

Секако, станува збор за модел на споменатиот бренд, а се работи за пастелножолт џемпер со пришиена закачалка, превртена наопаку.

Овој детаљ бил составен дел од колекцијата на JW Anderson за пролет/лето 2023 година, чија ревија била одржана во септември минатата година, на модната недела во Лондон.

Оваа модна куќа е позната по тоа што на своите модели им додава неочекувани детали, како што се делови од велосипед, тастатура, а закачалките станаа нивен заштитен знак.

Што мислите вие за овој тренд?

8 трендовски капути со кои нема грешка: Тамара Калиниќ ги предлага овие модели!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.