Прогласена е за МИС УНИВЕРЗУМ, но нејзините фотографии се екстремно обработени: Реалноста е сосема поинаква!

На социјалните мрежи е едно, а во реалноста сосема друго

Арбони Габриел е новата Мис универзум, но за жал, ниту една нејзина фотографија не може да помине без филтери и Фотошоп

Пред два дена во Њу Орлеанс беше одбрана 71-та Мис Универзум, а победничката на натпреварот е од САД. Прекрасната Арбони Габриел ја понесе ласкавата титула.

28-годишната Арбони Габриел испиша историја на два начина: прво, бидејќи е првата Филипинка што во последните 60 години победила на престижен избор за убавина, а второ, бидејќи е најстарата мисица некогаш прогласена.

Сепак, се чини дека ни нејзината убавина не е доволна според денешните стандардите, па сите нејзини фотографии на социјалните мрежи се фотошопираат и доработуваат.

На официјалниот инстаграм-профил @misstxusa има бројни фотографии од оваа мисица, која пред титулата Мис Универзум, била прогласена за најубава Американка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Nola (@rbonneynola)

За време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“, папараците ја фотографирале Арбони пред студиото, а публиката во таа пригода имала можност да ја види без додадени филтери и Фотошоп. Нејзината убавина била очигледна, но фотографиите се далеку поинакви од оние што се пласираат на Инстаграм.

Изгледа дека социјалните мрежи зеле толкав замав што ни официјално најубавата девојка во универзумот не може да помине без обработка, и очигледно е дека вештачкиот изглед се става пред природниот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R’Bonney Nola (@rbonneynola)

Доказ за тоа се и видеата на споменатиот профил на кои можеме да ја видиме Арбони без шминка, но во ниту еден момент не се прикажува нејзиното лице во крупен кадар.

Таа е новата МИС УНИВЕРЗУМ за 2023: Ги воодушевила сите со изгледот и кариерата, а поради ОВА влегла во историјата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.