Стајлинг на годината: Ел Фенинг облече ѓердан наместо градник (ФОТО)

Поради својот женствен и смел моден стил, Ел веќе подолго време важи за една од најстилизираните ѕвезди на црвениот тепих, а тоа уште еднаш и го потврди.

Младата холивудска ѕвезда присуствуваше на доделувањето на наградите „InStyle“ во многу смела комбинација. Ел буквално се појави во огромен, златен синџирест ѓердан, кој го носеше како кроп-топ, украсен со детали во форма на џиновски циркони.

Златниот топ Balmain го искомбинира со црно макси-здолниште со низок струк, од истиот моден бренд. Комплетниот стајлинг го заокружи со црни сандали со вртоглаво висока потпетица.

gr eli txt (1).jpgЕл ја исправи својата платинесто-руса коса, додека, пак, на усните нанесе драматиченм црвен кармин. Покрај златниот ѓердан, кој повеќе играше улога на топ отколку на моден додаток, тпопуларната актерка се одлучила само за златни прстени. Апсолутно волшебно.

gr eli txt (2).jpg

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.