Оливија Палермо во беспрекорен свечен костум, идеален за постудените денови (ФОТО)

Повторно блесна

Таа е позната по тоа што знае да ризикува во модниот избор, а сепак да остане доследна на својот автентичен осет за стил.

Оливија Палермо е прогласена за една од најголемите стилски икони на денешницата, со целосно право, ако не’ прашате нас. Таа го задржува својот класичен стил, кој истовремено е и креативен – каков што беше случајот кога се појави на премиерата на филмот „Гучи“ во Њујорк.

Во друштво на сопругот Јоханес Хабл, Оливија демонстрира како се носи елегантен кадифен костум, кој е многу актуелен кога станува збор за свечените пригоди.

Имено, модната инфлуенсерка и претприемач се одлучи за смарагдно-зелен костум во комбинација со мини-чанта со светки и градник од тантела, кој лежерно ѕиркаше од под сакото.

profimedia-0643550369.jpgКосата во боја на мед ѝ беше навиткана во бранови, додека шминката ѝ беше многу гламурозна и вклучуваше богато нанесен ајлајнер, светкава сенка, незабележливо руменило и кармин во беж боја.

Јоханес Хабл се одлучи за светло сив триделен костум и заедно позираа пред фотографите.

profimedia-0643555437.jpg

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.