Слоевито носење ланчиња: Како да ја добиете совршената комбинација?

Од Гвинет Палтроу до Емили Ратајковски, ѕвездите се љубители на слоевитото комбинирање ланчиња. И не се виновни, бидејќи неколкуте нежни синџирчиња, сериозно можат да го збогатат и разубават изгледот. Прашањето е: Како соодветно да ги комбинирате, за да не изгледате како новогодишна елка?

Започнете со бројот! За да го постигнете вистинскиот ефект, треба да имате најмалку 3 ланчиња на себе.

Обрнете внимание на должината! Ако се одлучите за ланчиња со иста должина, веројатноста дека ќе се изгубат едно во друго е огромна. Затоа, бирајте едно подолго, а другите две со иста должина или сите три со драстично различна должина.

Играјте со приврзоците! Тенките синџирчиња имаат приврзоци и детали на нив,па барем еден од тие приврзоци нека е во боја.

Сите нека бидат иста боја! Ако едно е златно, сите нека бидат златни. Така добивате кохезија, која е посакувана.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.