Најубавата боја што најтешко е да се искомбинира: Како да носите зелена?

Прекрасна, но незгодна

ФОТО: Profimedia

За поопуштени варијанти, одбирајте маслинеста нијанса

Нема поубава боја што потешко се комбинира од зелената! Но со неколку трикови, ќе изгледате како светска дива во оваа прекрасна нијанса!

1. Деловна комбинација

За деловни пригоди, одбирајте темни и придушени нијанси на зелена боја. Ако сакате да играте на сигурно, комбинирајте ги модните парчиња во тие нијанси со класични детали и бои, како што се беж, црна и бела.

2. Спортска елеганција

Сите варијанти на маслинеста нијанса на зелена се одличен избор за лежерните комбинации. Комбинирајте ги со кафеави нијанси и имајте на ум дека најдобро одат со коњак-кафеава боја.

3. Лежерна комбинација

Надополнете ги класичните сини фармерки со блуза во најубавата нијанса на зелена боја за трендовско издание во кое може да одите и на работа и на кафе.

4. Гламурозна комбинација

Кога се во прашање комбинациите за гламурозни настани, ослободете ја вашата имагинација и експериментирајте со разни нијанси на зелена боја.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време