Најомразените чевли се враќаат на модната сцена: Дизајнерите едногласно одлучија дека ќе бидат хит сезонава!

Тренд што предизвикува поделени мислења

Ова лето ќе ги гледаме на секој чекор

Сандалите и чевлите со голема платформа до неодамна се сметаа за одраз на лош и евтин стил, но судејќи според зборовите на модните дизајнери, ситуацијата се менува. Ова лето, токму овој омразен модел станува апсолутен хит.

Во текот на летната сезона ќе ги гледаме на секој чекор, модните експерти велат дека можат да се носат со сè, од фармерки до фустани, и советуваат да одберете некои во впечатлива боја за да дојдат до израз.

Најавата за доаѓањето на овој тренд предизвика поделени мислења. Додека на една група жени воопшто не им се допаѓаат, други се воодушевени од овој модел.

Едно е сигурно: многу полесно е да се чекори во нив, бидејќи падот на стапалото е помал, па ризикот од појава на болки во нозете се сведен на минимум. Освен тоа, овој модел одлично им стои на жените и со поситна и пониска градба.

Што мислите вие за овој тренд?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.