Јана Стојановска и Елена Петреска ги здружија силите и заеднички го избраа полуфиналистот број. 5 во „Заблескај“

Марија Јаковлевска е девојката која што ги освои од прва

Вчера вечер на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ беше прикажаната петтата емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“. Во жири беа пејачката Елена Петреска и актерката и пејачка Јана Стојановска, а овие две дами одлучија директно во полуфинале да оди Марија Јаковлевска.

Марија живее во Прилеп и има 21 година. Студент е на Филилошкиот факултет, насока англиски јазик и книжевност. Смета дека е музички талентирана, па поради тоа и се пријавила во „Заблескај“, а нејзин музички идол е Деми Ловато.

„Позитивната енергија ја има секаде во музичкиот свет, а уметноста се создава тогаш кога се потпираме на неа“, рече Марија во своето претставување во „Заблескај“.

Освен Марија, беа прикажани уште 12 кандидати, а со оглед на тоа што меѓу нив имаше квалитетни изведувачи, сигурни сме дека уште некој од нив ќе се најде во големото полуфинале.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.