Мини-фустан и вртоглави потпетици: За Брижит Макрон (65) годините не се пречка!

Одлична комбинација!

За одењето во високи потпетици треба пракса, а Брижит во нив дополнително ги нагласила своите вити нозе

Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел Макрон ги угостиле во Елисејската палата премиерот на канадската провинција Квебек и неговата сопруга. Брижит привлекла големо внимание во мини-фустан и вртоглави потпетици!

Првата дама на Франција го комбинирала фустанот во петролеј зелена боја, со А крој и должина над колената, со тенки црни хулахопки и црни салонки од брусена кожа со вртоглаво високи потпетици.

За одење во олку високи потпетици треба пракса, а 65-годишната Брижит Макрон дополнително ги нагласила своите вити нозе во нив.

Комбинацијата ја надополнила со елегантна марама во иста нијанса како фустанот од модната куќа „Луј Витон“, а впечаток оставила и големата белезица во петролеј и златна боја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.