Лавина од коментари на сметка на кралицата Летиција: Облекла фустан со гол стомак и ги шокирала присутните!

Дали се согласувате?

Кралицата Летиција е позната по умерениот, класичен стил во кој нема многу простор за експерименти, но понекогаш знае да ја изненади светската јавност со храбри модни избори какви што ниту една друга кралица не би направила

Така било и пред некој ден кога Шпанката се појавила на обележувањето на Светскиот ден на Црвен крст во Валенсија. Убавата бринета ги зачудила сите присутни кога се појавила во впечатлив фустан во боја на фуксија, во нејзината омилена миди-должина, со А-крој и „паф“ ракави.

Станува збор за парче од популарниот шпански бренд Cayro Woman, чија цена е 62 евра, а Летиција никогаш не се срами да облече и поволни фустани, иако најчесто ги надополнува со дизајнерски чанти или чевли.

Инаку, оваа креација ја понела во една од најпопуларните бои сезонава – интензивно розова, па со самото тоа таа е исклучително атрактивна и впечатлива, а за тоа придонесува и фактот што во пределот на струкот има храбар изрез, кој малку ја разоткрил голата кожа на шпанската кралица.

Токму тој секси детаљ привлекол внимание, со оглед на тоа што ретко која дама од европските кралства би се осмелила да го понесе. Но како и секогаш, Летиција го направила тоа со стил и со голема самодоверба.

Таа ја надополнила комбинацијата со салонки од кроко-кожа и златни обетки, а за глам-ефектот придонеле и нејзините богати кадрици и женствена шминка.

Што мислите вие? Дали шпанската кралица претерала кога се одлучила за ваков провокативен прорез на фустанот? Дали мислите дека ваквиот фустан е соодветен за една кралица?

Цел свет гледа во ВЕЖБАНИТЕ РАЦЕ НА КРАЛИЦАТА ЛЕТИЦИЈА – нејзините БИЦЕПСИ И ТРИЦЕПСИ се буквално извајани!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.