Кога се сврте, имаше што да се види: Прошета во жежок фустан и микро-танги (ФОТО)

Премиера на „заднината“

Има тело од машките сништа, а со ОВОЈ моден избор ја покажа секоја педа од својата кожа!

Актерката и модел Каруче Трен пред неколку дена се упати кон популарен ресторан во Мајами, внимавајќи нејзиното доаѓање да не помине незабележано. Таа има докажан рецепт за привлекување внимание и никогаш не се двоуми да го искористи.

Имено, атрактивната 34-годишна дама се прошета низ улиците на Мајами во „гол“ фустан, односно креација направена од трикотажа во боја на кожа, која малку остави на фантазијата.

Под фустанот, Каруче носеше црни танга-гаќички кои беа јасно исцртани, а нејзиното излегување дефинитивно ја запали атмосферата.

Овој провокативен аутфит го искомбинира со едноставни црни сандали со ремчиња и црна писмо- чанта, а нејзината свечена, залижана пунџа, нежна шминка и светкави обетки дадоа зрак на елеганција на целиот изглед.

За вакво секси, дрско издание дефинитивно е потребна храброст и самодоверба, но познато е дека на оваа дама не ѝ недостигаат – таа ужива да носи голи парчиња облека и да го покажува своето одлично, извајано тело.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.