Веднаш исфрлете ги овие 3 намирници од исхраната – поради нив се дебелеете, се разболувате и побрзо стареете!

Докторите предупредуваат

Веднаш мора да ги исфрлите овие три намирници од исхраната бидејќи можат многу да му наштетат на здравјето

Начинот на исхрана не е само важен поради одржувањето на тежината, туку и поради здравјето. Имено, диететичарот Лук Кори истакнува дека најлошото нешто што можете да си го направите себеси е да јадете храна што содржи многу калории, натриум и додаден шеќер, а малку здрави хранливи материи, како што се есенцијалните витамини и минерали.

Особено нагласува дека следниве три намирници би требало комплетно да ги исфрлите од менито и редовната исхрана.

Месни преработки

Кори наведува дека сланината, колбасите и сувомеснатото месо не само што содржат многу калории туку и содржат многу заситени масти и некои нитрати, што можат да придонесат за разни болести. Меѓутоа, Кори истакнува и дека многу е важно да практикувате разновидна и здрава исхрана, а не само да одбегнувате одредени намирници.

„Постои урамнотежена исхрана и неурамнотежена исхрана. Ниту една храна сама по себе нема да здебели никого или да му наштети на здравјето. Најважно е тоа како поединечна храна се вклопува во целокупната исхрана, бидејќи постојат толку многу фактори што влегуваат во игра кога јадеме секој ден, толку многу шеми на здрава исхрана. Важно е секој да го пронајде стилот што му одговара“, заклучил тој.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци многу лесно се консумираат во големи количини, што може да доведе до внесување многу калории и шеќери.

„Тоа може да доведе до дебелеење и други здравствени проблеми“, тврди тој.

Замрзната пица

Исто така, смета дека би требало да одбегнувате пржена храна и печива. Истакнува да обрнете внимание на консумирањето пица, особено на замрзнатите.

„Повеќето замрзнати пици содржат многу калории, натриум, шеќери и заситени масти, а многу малку корисни хранливи материи“, открил Кори.

Храна која може да ја влоши меморијата и да го зголеми ризикот од деменција: Ограничете го внесот на овие намирници
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.