Научниците го држеле во тајност семејството што оди на четири нозе: Нивното постоење предизвикува голем страв

До 2006 година криеле дека постојат

Семејството Улас стекна светска слава во 2006 година кога било претставено во документарец на Би-Би-Си со наслов „Семејството што оди на четири нозе“

Семејството Улас е единствено по тоа што оди на четири нозе, а нивниот од е ист како одот на мајмуните. Уште повпечатливо е тоа што нивниот начин на одење никогаш не бил забележан кај анатомски развиени возрасни луѓе.

Одењето на четири нозе претставува голем напор и се смета за неиздржливо на подолг период, но браќата и сестрите Улас само така можат да се движат.

Курдското семејство од Турција стекнало голема популарност кога Би-Би-Си направиле документарец за нив.

Семејството било откриено кога документите на турските научници излегле на виделина, а научниците ширум светот се фасцинирале од начинот на одење на членовите на семејството Улас.

Турските научници го окарактеризирале ова семејство како такво што претставува „обратна еволуција“.

Професорот Николас Хамфри, еволуциски психолог, откако повнимателно ги прегледал членовите на ова курдско семејство, дошол до заклучок дека 12 од 19-те деца се родени здрави, но имаат единствен инвалидитет.

Петмина од 19-те браќа и сестри оделе потпирајќи се на стапалата и дланките. Според истражувањето, овие браќа и сестри имаат форма на непрогресивна конгенитална церебрална атаксија. Тие имале и благи интелектуални потешкотии и проблеми со одржувањето рамнотежа на две нозе.

Пред другите дијагнози, научниците го окарактеризирале ова семејство како такво со „назадна еволуција“, нешто што предизвикало критики од страна на експертите ширум светот. Во научните кругови завладеала морничава тишина: дали нешто такво е возможно?

„Никогаш не сум помислил, дури ни во најлудите научни фантазии, дека современите човечки суштества ќе се вратат во животинска состојба“, рекол професорот Хамфри.

Подоцна, научниците утврдиле дека скелетот на членовите на семејството Улас е поинаков од оној кај обичните луѓе и родителите на почетокот мислеле дека нивните деца ќе можат да одат на две нозе, но тоа се променило со текот на годините.

„Ако постојаното четириножно одење кај овие браќа и сестри е резултат не само на слабо развиен мозок, туку и на комбинација од необични фактори – генетски, физиолошки, психолошки и општествени – тогаш, спојот на сите овие фактори во едно резултира со семејство кое е многу неверојатно, тоа е синдром што можеби никогаш повеќе нема да го видиме. Меѓутоа, дури и ако ова навистина е еднократна патолошка состојба, мислиме дека можат да се извлечат антрополошки лекции од тоа. Бидејќи, како што нагласивме на почетокот, одењето на овие возрасни четириножци има карактеристики без преседан, кои не може да се видат ниту кај новороденчињата, ниту кај други примати: тоа е случај на одење со зглобовите, во комбинација со типична човечка двоножна употреба на задните нозе“, пишува во научните документи за семејството Улас.

Бизарна врска помеѓу мајка и ќерка: Баш сме блиски и често сме голи во кревет! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.