Ким Кардашијан лансира бизарен детаљ за на плажа: Дали нормална жена би го ставила ова на себе?

Погледнете

Токму кога помисливме дека ништо не може да нѐ изненади, пристигнува моден додаток што го рекламира познатата старлета, а кој е тотално бесмислен

Имено, старлетата Ким Кардашијан во својата колекција за на плажа, покрај костими за капење, продава и ракавици за пливање кои достигнуваат до лакотот и чинат 48 долари.

Може да се пронајдат во седум различни бои, големините се движат од XXS до 4XL, а ракавиците се изработуваат во нуд, црни, кафеави, бели, па дури и розови нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Иако продажбата оди добро, многумина не се воодушевени, бидејќи не само што е непотребен додаток, туку и е непрактичен, бидејќи поради нивното носење би можеле да останат траги од сончањето.

Што мислите вие за овој моден детаљ?

„МУВИТЕ“ се вратија во мода: Само Кардашијан може да нè натераат повторно да ги носиме
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.