Најповлечениот син на Анџелина и Бред: За малку немале да го посвојат, а за сето тоа бил „виновен“ постариот син!

Дознајте повеќе

Најмалку се знае за синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишниот Пакс Тиен Џоли-Пит, поради што го викаат мистериозниот син

Поранешната актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит заедно имаат шест деца, но сите овие години најмногу се пишува за 16-годишната Шајло. Токму со неа Анџелина најмногу се појавува во јавност.

Сепак, овој пат на аеродромот во Лондон била видена со 18-годишниот син Пакс Тиен, второто најстаро дете по 20-годишниот Медокс.

Пакс е роден во 2003 година во Виетнам како Пам Куанг Санг, а актерите го посвоиле кога имал три години. За него велат дека најретко се појавува во јавност и дека воопшто не ги сака камерите.

Речиси ништо не се знае за неговите биолошки родители, а медиумите пишуваа дека го пронашле во локална болница во Виетнам и дека бил напуштен веднаш по раѓањето.

„На почетокот мислев дека нема да посвојам дете од Виетнам, бидејќи Медокс е од Камбоџа, а тие две земји имаат комплексна историја“, реккла Анџелина мислејќи на воената ситуација.

Сепак, вербата во тоа дека во иднина сите ќе бидат едно семејство го одлучила спротивното.

„Поминал три и пол години на едно место, во една соба, без избор, без слобода. Одеднаш, пристигна овде во многу слободна ситуација“, рекла Анџелина откако го посвоиле со Бред, додека во интервју за „Пипл“ истиот период го нарекла „најгласниот член на семејството“.

Пакс во 2014 година се појави во Maleficent, а потоа во 2016 година и во „Кунг фу панда 3“, филмови во кои мајка му има остварено важни улоги. Исто така, учествувал во креирањето на воениот филм на Анџелина First They Killed My Father, заедно со брат му Медокс.

Сепак, Анџелина во едно интервју открила дека нејзините деца не сакаат да продолжат по стапките на своите родители.

„Никој од нив не сака да биде актер. Всушност, тие се интересираат за музика“, рекла Џоли.

Пакс завршил средно училиште во Лос Анџелес во 2011 година, но не се појавил на официјалната прослава поради потенцијалното медиумско внимание.

„Тој е многу срамежлив и веројатно не сакал да направи медиумски циркус од настанот“, рекол близок извор за медиумите.

Иако е познато дека е во одлични односи со мајка му, откако Анџелина и Бред се развеле и откако започнала судската битка за старателство, се пишуваше дека односот помеѓу Пакс и Бред се искомплицирал.

Ќерката на Анџелина Џоли го украла сето внимание и ја засенила својата мајка: Шајло (15) со шминка и во мини-фустан!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.