Јелена Ѓоковиќ и Бела Хадид поседуваат идентичен скапоцен ранец: Неговата вредност достигнува и над 5.000 евра!

Како ви се допаѓа?

Јелена Ѓоковиќ им позирала на фотографите во лежерна комбинација, но овој детаљ привлекол посебно внимание

Јелена Ѓоковиќ пред неколку дена допатувала со децата во Лондон, за да го поддржи својот сопруг, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Таа отсекогаш му била најголемата поддршка на трибините, а сега била фотографирана во Лондон, кога Новак отишол на тренинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie 🇫🇷🇬🇧 (@ndjokofan)

Имено, Јелена била лежерно облечена. На себе имала светли фармерки, обична бела маица, но нејзиниот ранец привлекол особено внимание. Станува збор за ранец со потпис на светскиот бренд „Шанел“, за којшто морала да издвои повеќе од 5.000 евра. Без грам шминка и со очила за сонце на лицето, насмеано им позирала на фоторепортерите.

Најбараната манекенка на денешницата Бела Хадид, исто така, е една од сопственичките на овој луксузен моден додаток. Од износот на хонорарите што ги добива за ангажманите може да ви се заврти во глава, па не е ни чудно што може да си дозволи огнено скапи парчиња.

Како ви се допаѓа овој модел на ранец и дали би ја издвоиле оваа сума на пари за него?

Ким никогаш нема да го надмине ова издание: Чисто совршенство – драматична, прекрасна и беспрекорна… (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.