Јелена Ѓоковиќ ги засенила сите на Вимблдон: Само еден детаљ од нејзиниот стајлинг чини речиси 3.500 евра!

Не штеди многу

Ноле чекори кон пехарот на Вимблдон, додека Јелена поинаку го исполнува своето време во Лондон

Новак се пласира во четвртфиналето на овој престижен тениски турнир, а неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ храбро го бодри од трибините на секој натпревар. За секое негово појавување на теренот, таа подготвува совршен лежерен стајлинг.

Слободното време помеѓу натпреварите, Јелена се труди квалитетно да го поминува времето, па така го посетила музејот Вимблдон. А за сето тоа редовно ги известува своите следбеници на Инстаграм.

За таа пригода одбрала многу едноставна модна комбинација – бела маица и крем панталони, додека целиот стајлинг го надополнила со интересен ѓердан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Меѓутоа, она што ги запалило социјалните мрежи е нејзината чанта! Имено, Јелена понела чанта „Диор“ која чини дури 3.350 евра!

Сопругата на Новак Ѓоковиќ дефинитивно не штеди кога станува збор за квалитетни парчиња облека, а доказ за тоа се црвените чевли од речиси 1.000 евра во кои се појавила пред неколку дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Според многумина, Јелена има одличен моден стил и ретко кога прави грешки. Се согласувате?

Јелена Ѓоковиќ ги изненади следбениците со модното парче од 1.000 евра (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.