Ја изневерил во деветтиот месец од бременоста, а потоа таа применила одмаздничка диета: Еве како ослабела 27 кг!

Ефикасна диета

Клои Кардашијан открила како успеала да го доведе телото до совршенство

Клои Кардашијан е една од познатите сестри Кардашијан, чии животи секогаш се под будното око на јавноста.

Клои важеше за една од најнепривлечните сестри, но сега го довела својот изглед до совршенство. По многуте турбуленции што ѝ се случија, таа решила драстично да го промени својот изглед.

Имено, нејзиниот поранешен дечко, кошаркарот Тристан Томпсон ја изневерил додека била во 9-тиот месец од бременоста.

По стресот низ кој поминала, Кардашијанката сериозно се посветила на држењето диета и на тренинзите, па успеала да ослаби неверојатни 27 кг, поради што нејзиното тело го нарекуваат „одмаздничко“.

Паметна исхрана

Кога станува збор за секојдневната исхрана, Клои се држи до здравите, хранливи и паметни намирници. Храната ѝ служи за да изгради мускулна маса, што значи дека консумира намирници богати со протеини.

Нејзината исхрана е богата со масна риба, немасно црвено месо, кафеав или бел ориз, сладок компир, зобени снеголку, киноа и леќа. Таквата исхрана ѝ помага да постигне оптимален видлив и долготраен резултат со напорните тренинзи.

На нејзиниот план исхрана нема бел леб, печива, тешки јаглехидрати, колачи и сендвичи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

ХИИТ тренинзи

Тренинзите на Клои се многу напорни, структурирани и нема прескокнување. Таа се труди секој ден да тренира и да напредува од ден на ден, за да ги оствари посакуваните резултати.

Нејзините тренинзи се состои од вежби со висок интензитет и многу повторувања. Клои прави комбинација на кардио, вежби за сила (раце, нозе, стомак), склекови, дигање тегови и разни видови клекнувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Без газирани пијалаци

Откако им кажала „не“ на газираните пијалаци, симнала околу пет килограми. Тој период не ѝ бил воопшто лесен, постојано копнеела по газирани пијалаци, но успеала да го надмине тоа.

Клои тврди дека секоја штетна храна може да се замени со здрава, па одлучила да ги замени газираните пијалаци со здрави овошни сокови и протеински шејкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Потребно е да се одвои време за исхраната

Таа има однапред приготвени оброци и верно ги следи. Исто така, се обидува секојдневно да внесе оптимална количина на вода во организмот. Сè ѝ е испланирано и знае што и во кое време се внесува во телото. Повеќе не ѝ се случува да прескокне оброк или да заборави да си понесе шишенце вода пред да излезе од дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Клучот е во протеините

Нејзиниот план на исхрана вклучува оброци пред и по вежбање. За да ѝ бидат мускулите посилни и поздрави, по тренингот консумира што повеќе намирници богати со протеини. Нејзиниот избор по тренингот е: две јајца, зобени снегулки и/или некакво свежо овошје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Трпеливост

За крај, важно е да имате трпение кога станува збор за напредокот. На почетокот ќе бидете амбициозни, но тоа нема да трае долго. Внимавајте да не потклекнете на искушенијата и мрзеливоста. Треба да се придржувате до планот, бидејќи само истрајноста и трпението ќе ве доведат до напредок.

Не откажувајте се и ќе ги остварите најголемите цели!

Ова е менито благодарение на кое Клои Кардашијан симна 20 килограми: И сега е вистинска „бомба“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.