Анастасија полуде кога ја виде Цеца во свои алишта (ФОТО)

Го „ограби“ гардероберот на својата ќерка

Моден дуел меѓу мајка и ќерка.

Речиси и да нема девојка која барем еднаш во животот не ѕирнала во плакарот на мајка си за да позајми парче облека. Не е ништо ново и необично. Сепак, обратната ситуација не се случува многу често.

Така, на пример, Цеца Ражнатовиќ неодамна го „ограби“ гардероберот на својата ќерка.

На снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, музичката ѕвезда прошета облечена во розови чизми и чанта, кои ги видовме на Анастасија на еден настан кон крајот на минатата година.

Stajling Anastasije RažnatovićСтилот на Цеца и Анастасија со текот на годините сè повеќе е сличен, а тоа неодамна го потврди и младата пејачка, која изјави дека нејзината мајка сè почесто „краде“ парчиња облека од неа:

Постојано ми ги зема работите. На последното снимање за музичкото тален-шоу ми ја носеше чантата. Не крадам само јас од неа!

Набргу потоа, Анастасија го облече стариот комбинезон на Цеца.

Тој ден требаше да облечам фустан, но не ми стоеше и ми беше непријатно. Барав облека од неа. Ми рече: „Еве го ова, но има 20 години, не знам дали ќе успееш да влезеш во ова“ затоа што таа тогаш беше сучка. Кога го пробав, ми се допадна и воопшто не изгледа толку старо, искрена беше Анастасија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.