Која е, всушност, свекрвата на Шакира? На снаата ѝ забила нож во грб, а сите ја сметаат за традиционална жена

Неверојатно

Според шпанските медиумите, свекрвата на Шакира е многу немилосрдна жена, која ги прикривала сите грешки на својот син

Шакира успеа да направи хаос во сите светски медиуми со својата нова песна BZRP Music Sessions #53! Имено, нумерата е преполна со пораки за нејзиниот поранешен партнер Пике, а пејачката не ја поштедила ни свекрвата. Со стиховите во песната ја отворила Пандорината кутија, па испливаа на површина бројни непознати работи од брачниот живот со фудбалерот кои ја шокираа јавноста.

Во целиот скандал е вплеткана и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу, за која Шакира смета дека ги прикривала неверствата на својот син, само за да го зачува бракот, што многу ја погодило планетарната ѕвезда.

Пејачката се најде на удар на коментари, бидејќи сите ја осудија кога постави кукла на вештерка кон прозорецот на свекрвата, како и поради тоа што планирала да подигне ѕид помеѓу имотите.

https://twitter.com/KevinPrt44/status/1614218067713708033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614218067713708033%7Ctwgr%5E1bca2402cfeb3d58a8a6892c9aee2d5bcc9678c3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F194223%2Fko-je-svekrva-sakire

Меѓутоа, сликата за Монсерат во јавноста тотално се промени по шокантното видео во кое ја замолчувала познатата снаа со прст и ја нападнала физички.

https://twitter.com/kewchiy/status/1617419773369004034?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1617419773369004034%7Ctwgr%5E1bca2402cfeb3d58a8a6892c9aee2d5bcc9678c3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F194223%2Fko-je-svekrva-sakire

А која е, всушност, мајката на шпанскиот фудбалер Жерар Пике, за која не престанува да се зборува и пишува?

Монсерат е родена во Шпанија и по занимање е лекар специјалист за физикална медицина. Дипломирала на Универзитетот во Барселона, но не се знае точно колку години има, се претпоставува помеѓу 55 и 65.

Мајката на Пике, Монсерат, наводно отсекогаш се мешала во односот на нејзиниот син и неговите партнерки, меѓутоа Шакира открила дека една од најголемите грешки во животот ја направила токму поради неа. Пред неколку години, се одлучила за кратка „паж“ фризура токму по наговор на мајката на Пике, бидејќи Монсерат тврдела дека не е пристојно жена на нејзини години да има долга коса.

Како што пишуваат шпанските медиуми, мајката на Пике е очајна поради тоа што се развел од Шакира, пред сè, бидејќи пејачката им забранила на синовите Милан и Саша да контактираат со баба им. На момчињата наводно им е забрането да ѝ се јавуваат на Монсерат на телефон, бидејќи колумбиската музичка ѕвезда е разочарана што нејзината свекрва криела дека Пике ја изневерува, а освен тоа, му дозволила на Пике да ја носи љубовницата во нивната куќа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.