Домот на Наташа е вистински рај, но овој ДЕТАЉ го прави особено интересен (ФОТО)

Пријатен минимализам

Фото: Инстаграм

Префинетост и елеганција во пастелни тонови.

Со жена со стил како Наташа Беквалац, не може да се замисли дом кој не е како неа – префинет и елегантен. Барбиката од Нови Сад е некој што важи за естетa и важно ѝ е во каква средина престојува, а неколку пати истакна дека изгледот на ентериерот ѝ е многу поважен од облеката што ја купува.

Затоа, убавата пејачка неодамна со цело срце му се посвети на уредувањето на својот дом, а додека траеше реновирањето, се вооружи со трпение и привремено се исели од станот.

Кога се’ беше готово, Наташа се врати со ќерките Хана и Катја во нивниот дом, кој сега е вистински мал рај. Секој детаљ е внимателно одбран и интегриран, а во просторот доминираат пастелни тонови.

Дневната соба има простран мебел, а фотелјите се со модерен дизајн во нежни тонови.

Невообичаените лустери му даваат на ентериерот посебен шарм, додека трпезаријата е украсена со големи огледала, а особено интересен детаљ е дрвцето што поминува низ трпезариската маса, со која Наташа дефинитивно го направи просторот необичен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.