Долгоочекуваниот моден дуел: Цеца Ражнатовиќ и Данијела Димитровска во ист фустан (ФОТО)

Припадничките на понежниот пол обожаваат модни дуели, овој пат силите ги измерија две згодни, успешни и убави дами.

Двете се згодни, убави, успешни и со армија фанови зад себе. Пејачката Цеца Ражнатовиќ и манекенката Данијела Димитровска се појавија во ист модел на заводлив зимски фустан, а коментарите не престануваат да се нижат.

Модната икона, поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ, уште во ноември минатата година го носеше ролка-фустанот со длабок шлиц и воодушеви со фотографиите на Инстаграм.

Данијела го искомбинира фустанот со тренди кожена јакна и на тој начин доби многубројни комплименти за својот изглед.

А потоа, Цеца пред неколку недели се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во истиот фустан, само од ребрест материјал, во малку посветла нијанса.

Пејачката се одлучи за кафени чизми од превртена кожа и кратка црна бунда и со тоа на целата комбинација ѝ даде нишка на префинетост.

Која дама поубаво го носи фустанот?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.