Ѕвездите одбиваат да настапат на крунисувањето на кралот Чарлс: Адел има интересна причина, а ТОЈ се извлекол со сомнителен изговор

Интересно

Кралот Чарлс имал голема желба на неговото крунисување да настапат Адел и Ед Ширан, кои ја одбиле, според некои, таа голема чест

Кога започнало планирањето на церемонијата за кунисувањето на кралот Чарлс Трети, која ќе се одржи на 6 мај, и последователните концерти што ќе го разубават свечениот викенд, британскиот крал уште од првиот ден знаел кои ѕвезди ги сака, а се издвоиле двајца изведувачи на врвот на листата: Адел и Ед Ширан.

„Кралот предложи неколку луѓе кои би сакал да настапат, а Адел и Ед беа на таа листа. Многу му е важно тие да бидат дел од концертот“, рекле организаторите на настанот.

Иако за обичниот народ тоа се чини како покана што не се одбива бидејќи претставува голема чест, изгледа дека кралот бил многу разочаран, бидејќи и двете ѕвезди, наводно, одбиле да настапат.

Ед Ширан дал легитимно извинување. Имено, објаснил дека ден претходно настапува во Тексас, па би му било многу тешко да вметне уште еден концерт во својот распоред, но Адел без образложение ја одбила поканата, според медиумите.

Фото: Принтскрин

Нејзе дефинитивно не ѝ е густ распоредот, бидејќи не само што не настапува тие денови, туку моментално нема ни познати датуми за концерти по 25. март. Британските медиуми шпекулираат дека Адел има некои важни приватни планови што ќе ја спречат да настапува на почетокот на мај, а што точно ѝ е поважно од настап за кралот Чарлс, веројатно ќе дознаеме наскоро.

„Постои тим што е собран со намера да организира настапи на талентирани музичари, но кога добија одговори на кои не се надеваа, тоа беше големо разочарување“, прокоментирал анонимен извор.

„Тие се титани во шоубиз индустријата и се автентични Британци, а и познати се ширум светот. Штета“, заклучил тој.

Иако изведувачите со кои успеале да се договорат сè уште не се официјално потврдени, „ОК“ напишале дека најверојатно ќе настапуваат Лајонел Ричи и „Спајс Грлс“, а се шушка дека на сцената би можел да излезе и Хери Стајлс.

Кога зборуваме за тоа кој доаѓа, а кој не, неколку медиуми пренеле дека принцот Хари и Меган Маркл сè уште не дале одговор. Наводно, двојката сè уште е неодлучна, а пред доаѓањето на церемонијата, принцот Хари бара состанок со татко му и брат му, принцот Вилијам.

Рокот за одговори е до почетокот на април, а времето ќе покаже дали двојката што го напушти кралското семејство, сепак, ќе биде дел од еден од најважните настани во историјата на семејството или не.

На Чарлс му дошло преку глава: Подготвува драстични санкции за Меган и Хари – дури ни Елизабета не применувала олку остри мерки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.