Најдобрата вежба за луѓето по 50-тата година и за оние што долго седат: Го лекува срцето, ги затегнува нозете, го спречува стареењето!

Пробајте – немате што да изгубите

За оние што долго седат во текот на денот, клекнувањата се неопходни. Оваа вежба може да замени пешачење, пливање, трчање, планинарење…

Сергеј Бубновски, руски доктор кој е познат по тоа што победил големи здравствени проблеми со помош на вежби, го кажал следново:

„Оној што одлучил да не вежба, како да одлучил да остаре на 45 години и да оди во пензија. Телото старее ако не се одржува, а не поради годините.“

Доктор Бубновски тврди дека срцето е голема пумпа што испраќа крв во нозете (голема циркулација) и во мозокот (мала циркулација). Тогаш започнува венскиот проток, бидејќи крвта се подигнува и од нозете се враќа во срцето. Вените помагаат крвта да се врати во срцето, а брзината на враќањето на крвта во срцето зависи од состојбата на мускулите на нозете.

Затоа, тој смета дека здрави нозе значат здраво срце. Мускулите на нозете мора да бидат во добра форма за да може срцето да работи добро.

Меѓутоа, многумина од нас половина од денот го поминуваат седејќи, што ја отежнува работата на срцето и создава услови за развој на болести.

Најчестиот проблем, дури и кај помладите луѓе, е недостигот на кислород во крвта, предизвикан од намалена физичка активност.

Клекнувањата како мајка на сите вежби

Поради сето ова, Сергеј Бубновски предлага секој ден да правите клекнувања! Клекнувањата ги одржуваат мускулите на нозете и крвните садови во совршена форма што придонесува за побрз проток на крвта до срцето.

Многу е важно при изведувањето на клекнувањата да издишете и да кажете долго: хаааа. Со тоа издишување, сета негативна енергија би требало да излезе од вашето тело.

Физички здрава личност би требало да прави по три серии од 10 клекнувања првите денови. Притоа, не треба да претерувате. Не брзајте. Постепено и полека правете ја оваа вежба и не форсирајте го вашето тело да прави премногу клекнувања првите денови.

Клекнувањата може да се изведуваат во три серии во текот на денот, односно три пати дневно по десет клекнувања. Полека зголемувајте го бројот на клекнувања кога ќе почувствувате дека вашето тело може да ги поднесе.

За оние што долго седат во текот на денот, клекнувањата се неопходни. Оваа вежба може да замени пешачење, пливање, трчање, планинарење…

Кога ќе завршите со клекнувањата, пробајте да ги ставите нозете во ладна вода во временски интервал од 5 до 10 секунди, а потоа истријте ги со груб и сув пешкир.

Не заборавајте нозете да ги намачкате со крем, млеко за тело или масло, бидејќи кожата по вежбањето најдобро ги впива сите состојки од кремовите за тело.

Неколку докажано ефикасни вежби против отоци на нозете
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.