На Чарлс му дошло преку глава: Подготвува драстични санкции за Меган и Хари – дури ни Елизабета не применувала олку остри мерки!

Строги санкции

Се шушка дека кралот Чарлс планира да им ги одземе титулите на принцот Хари и Меган Маркл и на тој начин да ги казни поради изнесувањето негативни коментари за кралското семејство

Емитувањето на новата сезона на ТВ-серијата „Круна“ крена голема прашина во британското кралско семејство, па тоа повторно се најде во центарот на вниманието. Се шушка дека принцот Хари и Меган Маркл би можеле да сносат сериозни последици, односно да се соочат со санкции од кралот Чарлс Трети.

Имено, авторот на кралски биографии Том Бовер тврди дека кралот Чарлс Трети сериозно размислува да им ги одземе титулите на Хари и Меган доколку документарецот што го снимиле за Нетфликс не биде во согласност со кралските правила и доколку на кој било начин ѝ наштети на монархијата.

Доколку продолжат со обвинувањата и негативните коментари, санкциите ќе важат и за нивните деца, кои исто така нема да бидат поштедени и покрај тоа што кралицата Елизабета Втора никогаш не преземала вакви мерки, односно не ги казнувала децата за постапките на нивните родители.

Според авторот на биографии, Меган нема да се откаже од нападите кон кралското семејство и покрај можноста да им бидат одземени титулите војвотка и војвода од Сасекс.

„Чарлс им се закани на Меган и Хари и ги предупреди дека ако продолжат, ќе бидат казнети на начин што не можат да си го замислат. И затоа се загрижени. Пред сè, мислам дека нивните деца нема да добијат титули ако почнат да го клеветат кралското семејство“, објаснил биографот Том.

Во јавноста веќе се дебатира зошто на Меган и Хари сè уште не им се одземени титулите, со оглед на тоа што постојано изнесуваат остри коментари на сметка на кралското семејство.

Странските медиуми во последно време пренесуваат дека Хари и Меган имале конфликт со продуцентите на документарецот, бидејќи сакале драстично да ја променат содржината и дека се одлучиле на тој чекор од страв од реакцијата на кралот Чарлс.

Инаку, мемоарите на принцот Хари се викаат „Резерва“ и откриваат сè за нивниот живот и односот со кралското семејство. Мемоарите наводно го добиле името според тоа што Хари секогаш бил нарекуван „резервниот принц“ во однос на неговиот брат Вилијам.

Мемоарите исто така ќе носат посвета во која Хари ќе ѝ оддаде почест на својата почината баба. Сепак, многумина се загрижени за последиците што можат да настанат откако мемоарите ќе бидат објавени. Вработените во кралската палата исто така се плашат дека книгата би можела да им нанесе непоправлива штета на угледот и односите.

Британските власти прогласија државен празник по повод крунисувањето на Чарлс III, еве кога и каде ќе се одржи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.