НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Ирина Шајк ја шокира Кајли Џенер појавувајќи се во идентична креација (ФОТО)

Моден дуел

Изгледа овој потег на руската манекенка не ѝ се допадна на ријалити-ѕвездата.

Огнената средба на познатите убавици Кајли Џенер и Ирина Шајк ја шокира јавноста и наметна прашање за кое долго ќе се дискутира – на која подобро ѝ прилегаше оваа необична креација?

Имено, на ревијата на модната куќа „Скијапарели“ на Модната недела во Париз сè можеше да се очекува, но изборот на Кајли Џенер и Ирина Шајк ги погоди и двете како гром од ведро небо.

На социјалните мрежи брзо се проширија видеа на кои јасно се гледа дека на Кајли воопшто не ѝ било удобно додека покрај неа со лесни и грандиозни движења во идентична модна креација поминувала манекенката Ирина Шајк.

Погледнете:

@leoniehanne Who wore it better: Irina or Kylie? 🦁#schiaparelli #kyliejenner #irinashayk ♬ original sound – Leonie Hanne

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.