Сивата боја никогаш не изгледала подобро: Првата дама на Франција повторно воодушевува со беспрекорниот стил!

Брижит Макрон

Ако не сте претерано воодушевени од сивата боја, стајлингот на првата дама на Франција ќе ве воодушеви со својата едноставност и безвременска елеганција

Според многумина, таа е една од најдобро стилизираните први дами. Го доведе францускиот шик до совршенство и редовно добива комплименти за своите модни избори. Нејзините комбинации секогаш се осмислени до последен детаљ, а најчесто можеме да ја видиме во облека во неутрални бои, како темносина, сива, бела, беж, црна…

Обожава класични парчиња со паметно одбрани детали, како чанти со класичен изглед, необичен накит, шалови…

Иако понекогаш е на мета на модните критики, бидејќи знае да облече мини-здолниште, кожени панталони, бајкерска јакна или вртоглави потпетици, Брижит никогаш не обрнува внимание на тоа и верна му е на својот стил со години.

Сопругата на францускиот претседател, која е 24 години постара од него, повторно предизвика бројни позитивни коментари, појавувајќи се на настан што се одржал во парискиот колеџ Модилјани, по повод националниот ден за борба против врсничкото насилство во училиштата.

Во елегантен сив стајлинг, Брижит повторно заслужила петка за стилот, а минимализмот повторно се покажал како добитна комбинација, кога станува збор за првата дама на Франција.

Француската прва дама изгледала беспрекорно во сивата маица, сако и панталони со класичен крој во истата нијанса, а нејзиниот изглед без грешка, успешно го надградила со кожена чанта и црни чизми до глужд на потпетица.

Нејзината препознатлива боб-фризура и заштитната маска во истата нијанса на сива, добро се вклопиле во овој едноставен, но многу ефектен стајлинг.

Како ви се допаѓа ова издание на првата дама на Франција?

Брижит Макрон е кралица на добриот стил: Вака се носи тегет од глава до пети без грешка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.