Адријана Лима (40) во отворен блејзер без градник: Дали ова е најпровокативното издание на прекрасната Бразилка?

Како ви се допаѓа?

40-годишната манекенка не престанува да мами воздишки со својата појава

Важи за еден од најзначајните ангели на Victoria’s Secret кои некогаш шетале на пистата за овој бренд за долна облека. И ден денес ја нема изгубено способноста да фасцинира со својата појава, каде и да оди.

Токму тоа се случило и пред некој ден кога со својот дечко, филмскиот продуцент Андре Лемерс, присуствувала на трките Formula One Qatar Grand Prix.

Манекенката покажала софистицираност и сексапил во еден стајлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Под белиот блејзер, кој имал провокативен отвор сè до струкот, каде што лежерно го прицврстила со појас, не носела апсолутно ништо. Во комплетот носела и широки бели панталони со рамен крој. Стајлингот го заокружила со сандали во боја на кожа со ниска потпетица, кои го нагласиле нејзиниот совршен бел педикир на ножните прсти.

Плакарот на Адријана можеби е преполн со облека од луксузни дизајнери (Гучи, Версаче, Валентино…), но тоа не значи дека не може одвреме-навреме, пријатно да нè изненади во парчиња на попристапни брендови, како што го направила тоа овој пат. Костимот во кој ги измамила сите воздишки е дизајн од најновата колекција на младиот бренд Rat&Boa.

Дали ова е нејзиното најпровокативно издание досега?

Вака облечена, Адријана Лима уште еднаш го потврди статусот на најзгодна моделка (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.