Брижит Макрон е кралица на добриот стил: Вака се носи тегет од глава до пети без грешка!

Префинета елеганција

Првата дама одбрала многу едноставна и дискретна модна комбинација за оваа пригода

Во Париз бил одржан самит на меѓународни заедници и африкански лидери, на кој се расправало за финансиска помош за осиромашените африкански господарства.

Францускиот претседател Емануел Макрон бил домаќин на самитот на кој покрај европските и африканските челници, учествувале и претставници на големи меѓународни организации.

Со сопругата Брижит Макрон организирал и свечен прием за сите учесници кој се одржал во Елисејската палата, официјалната резиденција на францускиот претседател.

Првата дама одбрала многу едноставна и дискретна модна комбинација за оваа пригода. Елегантниот фустан со миди-крој и со висок околувратник го искомбинирала со класични салонки од брусена кожа.

Брижит и Емануел всушност биле усогласени, со оглед на тоа што и двајцата носеле парчиња во темносина боја. Често забораваме дека темносиниот фустан можеби е и најдобриот еквивалент на малото црно фустанче.

Темносината се смета за една од најсестраните неутрални бои и важи за една од оние што може да се комбинира со буквално сите нијанси. Многу дами всушност не сакаат црна боја или сметаат дека таа е пресериозна за одредени пригоди.

Во такви ситуации слободно може да одберете темносини модели што се еднакво дискретни и елегантни, а истовремено и визуелно малку „полесни“ од црните.

Дали ви се допаѓа ова издание на првата дама на Франција?

Во овој фустан и со вистинската фризура, и на 68 години изгледа како девојка: Модна десетка за Брижит Макрон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.