Летиција го носи НАЈМОДЕРНИОТ ЏEМПЕР сезонава, кој може да се купи за 1.200 денари: Ова парче облека може да се комбинира на милион начини, да се носи во сите пригоди и да изгледа КРАЛСКИ

Шпанската кралица Летиција ја помина изминатата недела извршувајќи низа службени должности, промовирајќи го блескавиот стил по кој е препознаена низ целата планета, покрај титулата што ја носи.

Летиција пред неколку дена го посети селото Кававедо во Астурија, кое беше прогласено за најдобро село во овој дел на Шпанија. Таа беше придружувана од сопругот кралот Фелипе Шести и ќерката Леонор, која исто како и нејзината мајка избра лежерно издание, само што за разлика од кралицата која се појави во црно-бел џемпер, таа избра розова блуза.

За оваа важна пригода, организирана како дел од церемонијата на доделување на наградата принцезата од Астриа, шпанската кралица избра џемпер во црно-бел дезен со пруги, кој е најпопуларниот модел за оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Актерката Џенифер Гарнер и пејачката Селена Гомез оваа есен носат црно-бели џемпери, а овој жежок аутфит, кој не е моден новитет, може да се купи во продавниците за 1.200 денари. Има и многу поскапи модели, но за споменатата сума можете да набавите парче со повеќе од задоволителен квалитет.

Jennifer Garner: Sie rettet Ben Affleck das Leben

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.