Актерката покажа колку малку е потребно за добар стил: Во едноставна шик-комбинација ги воодушеви обожавателите, а сите гледаат во натписот на нејзиниот дукс (ФОТО)

Еве зошто!

Одлично модно издание видовме на инстаграм-профилот на актерката Слобода Миќаловиќ Ќетковиќ, која позираше во едноставна, но шик-облека украсена со посебен натпис.

Не е потребно многу за добар стил. Доволно е да ја изберете облеката која е соодветна за вас и за пригодата во која ја носите, па вешто да ги комбинирате парчињата на вистински начин.

За некого лесно, за некого тешко, а Боба Миќаловиќ дефинитивно еспаѓа во првата група. На актерката видовме едноставни тесни панталони, кои ја истакнаа нејзината вита линија, популарен модел на чизми кои се носат од сезона во сезона, некогаш во стари, а некогаш во помодерни верзии и спортски дуксер со натпис „љубов“ на него.

Сè беше „зачинето“ со насмевката на актерката, а коментарите само се нижат:

Убавина што зрачи со добрина“, „Најубавата дама, нашата Моника Белучи, светска класа!, „Убавина, интелигенција, талент здрав разум, став…“, се само дел од комплиментите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.