Овие девојчиња се родени во ист ден и во исто време во 1993 година, а луѓето кога ќе ја откријат ШОКАНТНАТА ВИСТИНА зад фотографиите – буквално остануваат без зборови и во НЕВЕРУВАЊЕ

Луси и Марија Ајлмер се сестри близначки, но никогаш не би погодиле на прв поглед – Луси има исклучително светла кожа и природно црвена коса, додека Марија има црна, кадрава коса и темна кожа.

Овие 29-годишни сестри се родени во Велика Британија, а нивниот татко Винс е со кавкаско потекло, додека мајката Дона е половина Јамајканка, а мешавината на гени резултирала со необична разлика меѓу двете сестри.

Луси и Марија се двојајцеви близнаци, што се случува кога две различни јајце-клетки се оплодуваат од две различни сперматозоиди во исто време. Во основа, тие се сестри кои се родени во исто време, па оттука и сосема поинаквиот изглед на овие девојки.

Никој никогаш не верува дека сме близначки затоа што јас сум бела, а Марија е со темна кожа. Дури и кога се облекуваме исто, сè уште не изгледаме како сестри, а не пак како близначки. Пријателите на училиште нè натераа да им донесеме крштевки за да им докажеме дека навистина сме сестри, изјавила Марија за „Дејли мејл“ пред неколку години.

"Niko nikada ne veruje da smo bliznakinje jer sam ja bela, a Marija tamnoputa"

Овие девојки тврдат дека нивната мајка била шокирана за време на породувањето и дека не можела ни да замисли дека такво нешто е возможно:

Тоа беше страшен шок за неа. Таа немаше поим дека ќе бидеме толку различни. Кога акушерката нè дала на родителите, и двајцата останале без зборови.

Инаку, тие имаат и два постари браќа и една сестра.

Нашите браќа и сестра имаат кожа чија боја е мешавина од мојата и на Марија. Таа и јас сме на два различни краја од спектарот, а тие се помеѓу, истакнува Луси.

Интересите на близначките се различни како и нивниот изглед – Луси студирала уметност и дизајн, а Марија студирала право.

Sestre i danas izgledaju sasvim drugačije

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.