Кралицата Летиција знае дека со овие чизми нема грешка: Тие не излегуваат од мода, а во нив секоја жена изгледа отмено!

Погледнете

Шпанското кралско семејство го искористило викендот за прошетка низ својата татковина

Кралското семејство го поминало денот во мало место што се вика Санта Марија дел Пуерто де Сомједо, кое е прогласено за најубаво село во Астурија во 2021 година. Кралицата Летиција, во друштво на сопругот и ќерката, за оваа пригода се одлучила за лежерно, но многу ефектно издание во топли тонови, во кое доминирале беж мантилот и кафеавите чизми до глуждови.

Поранешната шпанска новинарка носела беж мантил од германскиот бренд „Хуго Бос“, чии модни комбинации најчесто ги одбира за извршување на секојдневните задачи, но и за свечени пригоди.

Под омилениот есенски капут ѕиркал предимензиониран шарен шал, но и тесни фармерки во маслинесто зелена боја, кои ја нагласиле нејзината фит-фигура.

Кралицата Летиција е љубителка на чевли со високи потпетици, но за оваа пригода одбрала кафени кожени чизми до глужд. Косата ја собрала во лежерно коњско опавче, а лицето го заштитила со маска.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица?

Кралицата Летиција маестрално споила 2 водечки тренда: Овие парчиња мора да ги има секоја жена во плакарот есенва!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.