„Жено, каде си тргнала со тие синџири на задникот“: Целиот Холивуд е згрозен од изгледот на оваа актерка!

Претерала

Старлетата, актерката, моделката и дизајнерката Дреа Мишел, дошла на забава облечена на многу специфичен начин

Дреа Мишел (36) во Холивуд е позната како сестрана личност: актерка, модел, дизајнерка, старлета. На прославата на роденденот на раперот Дрејк се појавила полугола. Додека носела кошула со синџири со потпис на брендот „Версаче“, наместо здолниште, облекла синџири!

Тема на забавата била серијата „Наркос“ и картели, па Дреа се облекла во тој манир: синџири, пари, голотија.

Меѓутоа, на следбениците на социјалните мрежи не им се допаднало како изгледа, па почнале да ја критикуваат со зборовите:

„Дреа е олицетворение на деновите кога немаш што да облечеш! Што е ова?!“

„Не, никако. Ова е погрешно!“

„Каде си тргнала со тие синџири на задникот?“

Не е првпат актерки, пејачки и старлети да се разголат вака. Во последно време, во тренд се разголените фустани или мрежестите фустани, кои откриваат сè, а на тие девојки останува дали ќе облечат долна облека одоздола или нема.

Дреа овој пат облекла танга во боја на кожа, но тие буквално не се гледале, па сето тоа изгледало многу проѕирно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Draya Michele (@drayamichele)

Изгледа дека актерката сепак била горда на својот изглед, па споделувала фотографии на социјалните мрежи.

Како ви се допаѓа овој изглед на млада дизајнерка? Дали би облекле вакво нешто, макар и на костимирана забава?

Џеј Ло во фустан во кој само едно копче држи „се’“!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.