Џеј Ло првпат фотографирана по раскинувањето на свршувачката: Прошетала во култни чизми и ја скратила косата!

Блеска по раскинувањето

Фотографите го забележале првото модно издание на латино-дивата по раскинувањето на свршувачката со поранешниот бејзбол-играч

Џенифер Лопез (51) првпат била фотографирана во јавност откако во заедничка изјава со сега веќе поранешниот свршеник Алекс Родригез открила дека и двајцата тргнале по свој пат.

Пејачката и актерка била фотографирана на улица на прошетка за време на викендот, а вниманието на папараците и минувачите го привлекла во бел комплет тренерки.

Спортското лежерно издание го заокружила со култни чизми – славните жолти чизми до глужд.

Станува збор за обувки што никогаш не излегуваат од мода и многу се удобни, па жените со задоволство ги носат и на потопло време. Од модни детали носела очила за сонце.

Што се однесува до фризурата, Џеј Ло ја потстрижала косата малку под рамена.

Кејт Мос покажа што треба да облечеме за деловен состанок оваа пролет (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.