Кејт Мос покажа што треба да облечеме за деловен состанок оваа пролет (ФОТО)

„Копирајте“ ја!

Придржувајте се до правилата на деловниот стил на облекување и препуштете ѝ се на имагинацијата!

Кодексот на облекување во канцеларијата може да биде исклучително здодевен, но ако вклучите малку имагинација – дури и најстрогиот стајлинг може да блесне со новите бои. Добар пример за тоа е појавувањето на Кејт Мос.

За состанокот, супермоделката од 1990-тите се одлучи за кежуал деловен стил. Што значи тоа? (Текстот продолжува по огласот)

Формално,  застапени се сите компоненти на деловниот стил: кошула, сако и панталони. Но строгиот жанр е модификуван со сако од сомот, фармерки наместо панталони и кошула со принт и украсни детали наместо класично белата. Чевлите ги замени со удобни балетанки. Можеби единствениот непроменет атрибут на деловниот стајлинг е протраната чанта: Кејт Мос избракласичен модел на „Ерме“.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.