Месечен хороскоп за мај 2020 година

Вага

Љубов – Драги Ваги во емотивни или брачни врски – ќе имате љубовни проблеми.  Добар совет би бил и тоа како да го искористите месецот за да го подобрите односот со саканата личност, да решите некои заеднички прашања кои ве мачат и дополнително да се врзете еден со друг и да се усогласите, како и да ја стабилизирате вашата врска.

Работа
– Можете да очекувате пораст на вашето влијание во работното опкружување и со тоа, добри можности за напредување и развој. Меркур малку ќе ве кочи кога станува збор за договори, но за брзо време ќе се ослободите од оваа блокада и ќе навлезете во период кога промените во партнерските односи ќе бидат во ваша корист.

Здравје –
 Започнете нов режим на исхрана и фрлете се на спорт.

Скорпија

Љубов
– Најголем дел од проблемите кои беа интензивни во вашите емотивни односи, не се случуваа само во текот на април, туку и во периодот пред април. Некои односи престанаа да постојат, некои се подобрија, а некои ве направија подобра личност. Овој месец може да ви донесе зголемување на љубомората и сомневањето, а ако саканата личност после тоа покаже некои знаци дека обрнува внимание на некој друг, тогаш проблемите надоаѓаат.

Работа – Навикнавте работите да ги завршувате во последен момент. Добрата позиција на вашиот владетел зборува за силна иницијатива, активности во контактите со бизнис партнерите и соработниците. Колку и да се подобрат вашите финансии во мај, сепак ќе морате да бидете внимателни во овој сегмент во текот на последната недела.

Здравје 
– Проблеми со стомакот.

Стрелец

Љубов – Во мај влегувате во прилично интензивен контакт со емотивниот партнер. Само некои од вас ќе успеат напнатите аспекти да ги контролираат и да ги пренасочат на друга страна. За слободните Стрелци – ќе бидете расположени за контакти со спротивниот пол. Но, вашите намери сега не одат во правец на сериозна врска, па не се задоволувате со површни случувања.

Работа 
– Чувството дека работите се случуваат надвор од ваша контрола е присутно уште од април. Некои промени конечно ќе заживеат, после неколку пати одложување. Исто така, вашите идеи и креативни решенија ќе можат да најдат пат до заинтересираноста. Бизнис партнерите и соработниците ќе бидат активни кон вас и нивните страни можете да ги очекувате во текот на втората половина на месец мај.

Здравје
 – Одлично!

Јарец

Љубов
– Неможноста да се опуштите и да уживате во односот со саканата личност дефинитивно го одбележаа месец април. Време е сега да излезете од мрачната фаза.  Потрудете се да најдете доволно време еден за друг, и конечно да надминете некои прашања од минатото и успешно да ги решите. Ако сте слободни, вашето поле на љубов ќе биде доста активно во текот на овој период, па дефинитивно можете да изградите еден стабилен и компактен однос.

Работа
 – Кога станува збор за работата, поминавте разни фази во претходниот период и воглавно чувствувате незадоволство поради проблемот со кој се соочуваа вашите планови. Средете го она што сте го пропуштиле, и проверете ги сите обврски за случајно да не пронајдите некоја грешка. Сето ова е неопходно за со мирна глава да влезете во вториот дел од месецот, кој според вас, е доста поволен.

Здравје – Занимавајте се со некоја физичка активност.

Водолија

Љубов – Немавте лоши емотивни односи ниту во текот на месец април, а сега секако очекувајте само подобрување и напредување во однос на саканата личност. До крајот на мај сигурно ќе уживате со вашата сакана личност. Доколку сте слободни, вашите љубовни шанси ќе ги имате во изобилие во текот на овој период. Прашање е само што сакате – дали сакате сериозност или сакате да се забавувате, не размислувајќи што ќе биде утре?

Работа – Кон крајот на првата половина од месец мај, ќе ги искомплицирате работите, меѓутоа и ќе ви отвори можност да започнете да реализирате некои ваши идеи и креативни решенија. За вас единствено проблематичен ќе биде крајот на месец мај бидејќи тогаш може да дојде до конфликт со личноста со која долги години соработувате.

Здравје 
– Обидете се да се одморите и релаксирате.

Риби

Љубов – Првиот дел од овој месец ви ја донесува изразената потреба што побрзо да ги средите проблемите и прашањата со саканата личност. Доста ви е нон стоп да се враќате на едно исто, па ќе се потрудите конечно да ставите точка на одредени ситуации. Од почетокот на втората половина работите ќе се променат на подобро – ова е период кога вие и вашата сакана личност сте подготвени за комуникација.

Работа
– Работите малку ќе се искомплицираат. За вас во финансискиот сегмент е променлива втората половина од месецот кога може да направите киксови, погрешно да инвестирате и сл.

Здравје – Стресот и нервоза предизвикуваат пад на имунолошкиот систем.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.