Голем месечен хороскоп за април: Суетата е главна препрека на патот кон љубовта

Овен

Во текот на април препорачливо е да се позанимавате со работите кои ве спречиле да ги реализирате вашите идеи и да направите сè што е можно за да се вратите на вистинскиот пат. Работете на вашата самодоверба, но и на односот со себе. Сакајте се себеси повеќе, а тоа ќе ве направи подготвени кога во вашиот живот ќе се појави личност со која би можеле да започнете врска. Тогаш целосно ќе знаете дали тоа е она што го сакате.

Бик

Април ќе ви биде идеално време за самоанализа. Ќе размислувате за вашите очекувања од кариерата и љубовта. Ќе сфатите што е тоа што го сакате од партнерот, без разлика дали веќе го имате или не. Ако веќе го имате, ќе му ги простите грешките, но сепак ќе очекувате одредено ниво на одговорност од негова страна.

Близнаци

Најверојатно во април ќе се чувствувате збунето и ќе дојде до недоразбирање при комуникација со другите. Сепак, април ќе биде и месец на интроспекција. Ќе откриете дека некој ви е посебно драг, а може да се работи за пријател. Постојано ќе имате идеи за нови работи и предизвици, но мора да покажете и малку толеранција за желбите на другите.

Рак

Во текот на април, фокусот ќе ви биде на љубовта и парите. Би било добро да посветите внимание на тоа како го трошите вашиот буџет. На тој начин може да направите план за штедење. Од друга страна, април е погодно време за промени – пролетта е симбол на раѓање и нов почеток. Направете го вашиот живот поубав и поудобен и внесете енергија во апатијата што ве обзема.

Лав

Овој месец ќе бидете прилично самокритични и сомнителни. Секоја ситуација ќе ја анализирате од филозофска гледна точка и ќе го барате нејзиното подлабоко значење. Можно е несогласување со партнерот, а единственото решение е искрен разговор за тоа што очекувате и како се чувствувате. Имате големи шанси за позитивна промена на работа, но не прифаќајте ја понудата сè додека не ги дознаете целосните информации.

Девица

Во април вашето внимание ќе биде насочено кон вашиот извор на приход. Размислете на кој начин ги трошите парите, колку некој придонесува за заедничкиот буџет и дали тоа ви одговара или не. Барајте простор за заштеда, но размислете и за дополнителен извор на приход. Тоа може да биде и работа со скратено работно време, не е неопходно да ја менувате моменталната работа. Ќе бидете во искушение да донесете импулсивни одлуки, особено во врска со партнерот. Обидете се помалку да се потпирате на чувствата, а повеќе на интуицијата.

Вага

За некои од вас свадбените ѕвона ќе бијат во април! Доколку веќе сте во брак, можни се конфликти па затоа обидете се да ги решите навреме. Ако не сте во врска, позицијата на планетата ви ветува успех во бизнисот и нови, профитабилни партнерства. Ве очекуваат нови можности за напредок во кариерата. Од друга страна, ќе бидете долго време загрижени, но без причина. Обидете се да бидете реални и погледнете ја ситуацијата од друг агол.

 

Скорпија

Вниманието ќе ви биде насочено кон кариерата. Одредете ги задачите и одговорностите на секој од тимот, во спротивно нема да ги постигнете очекуваните резултати. За решавање на проблемите потребна ви е јасна комуникација. Април ќе биде и време на неочекувани промени за кои ништо нема да можете да направите. Запомнете дека не можете да влијаете на некои работи, а тоа води само кон непотребна фрустрација.

Стрелец

Во текот на април ситуацијата на работа ќе биде и повеќе од поволна бидејќи постојат големи шанси да бидете наградени за вложениот труд. Сепак, ветувањата се само ветувања сè додека не се исполнат. Ќе почнете да размислувате за промена на средината, односно местото на живеење. Ова може да ви отвори нови можности во животот. Ве очекуваат многу дружби со пријателите, но и убави, нови искуства во април.

Јарец

Во фокусот ќе биде промената која ќе започне полека, но забележливо. Можеби ќе се чувствувате вознемирено, но сето тоа брзо ќе помине. Дома ситуацијата и не е баш јасна и нема да бидете мирни додека не се реши. Сепак, премногу сте тврдоглави и понекогаш не признавате дека грешите. Од друга страна, комуникацијата со партнерот ќе се одвива во најдобар ред што ќе ви отвори можност за реализација на идните планови.

Водолија

Во текот на април потрудете се да ги контролирате емоциите и да ги избегнете конфликтите – од голема важност е да продолжите да соработувате со другите, но и да одржувате добри односи со важни личности во вашиот живот. Воздржете се од непотребно критикување на вашите најблиски и прифатете ги работите онакви какви што се. Ќе бидете загрижени за вашите цели и иднината, но сè ќе биде во ред бидејќи на повидок се големи успеси и материјална добивка. Доволно е да го слушате вашиот глас кој ве води во вистинската насока.

Риби

Во фокусот ќе ви бидат личните ресурси. Ќе треба да научите како функционира пазарот за повешто да управувате со вашите средства. Работата ќе бара поголем ангажман и соработка со другите, но и нови идеи. Бидете пријателски расположени со сите бидејќи љубезноста ќе ви отвори нови врати. Не занемарувајте ги исто така предлозите кои можат да ви бидат од голема корист. Успехот ќе биде на ваша страна, а сè што планирате ќе се оствари во април. Доволно е да верувате во себе.

 

 фото:Unplush
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.