Голем месечен хороскоп за јули: Дали конечно ни пристигнуваат подобри денови?

Фото: Getty Images

Овен

Работа

Драги Овнови,
На самиот почеток на месец јули Меркур прави секстил со Уран и ретроградна конјукција со Сонцето. Сонцето прави секстил со Уран. Идеите кои подолг период ги разработувате и пробувате да ги спроведете нa дело., а кои се врзани со подобрување на вашата заработка и зголемувањето на вашата сметка конечно ќе вроди со плод. Ве очекуваат добивки поврзани со еден проект кој е реализиран нешто пред рокот. На ова поле доаѓаат и неколку напнати моменти, а можни се и неколку непријатни ситуации. Внимавајте како ќе постапите со информациите кои ги имате, а не брзајте со донесување одлуки. Насочени сте кон материјални достигнувања и тоа е во ред, но потрудете се да изградите компромис и добра соработка со колегите. Добар период за инвестиции.

Љубов

Ако сте во врска: Ќе добиете можност да ги исправите грешките во однос на партнерот, односно ќе имате можност да се искупите и да покажете дека сте го промениле својот став. Покажете трпение и смиреност, на партнерот му е важно да види дека нудите поддршка и љубов. Овој месец, најважни се разбирањето и довербата.

Ако сте слободни: Потребно ви е трпение овој период. Ќе запознаете интересна личност но можеби погрешно ќе процените како се чувствуваат од нивна страна. Не брзајте, бидете внимателни.

Здравје

Не се исцрпувајте.

   Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

2, 7, 15, 19, 23

                                                            Бик

Работа

Можеби ќе се чувствувате како да балансирате многу работи на граница на пропаст, но овој месец ќе ви покаже колку многу можете да постигнете. Ова е добар период за вложување пари во образование и развој. Ако соработувате со другите, потрудете се да постигнете компромис, без да го наметнувате своето мислење. Овој месец ќе имате можност да стекнете знаење кое ќе ви биде од корист.

Љубов

Ако сте во врска: Време е за соочување и промислено однесување. Ако не сте задоволни како се однесува партнерот кон вас, потрудете се искрено да разговарате за тоа, а да не префрлате и кажувате нешто што и самите не можат да го разберат. Разговарајте со саканата личност, покажете им дека ви значат. Во втората половина од месецот, можни се планови за иднината.

Ако сте слободни: Слободните Бикови ќе се занимаваат со своите чувства преку рефлексија и интеракција со другите. Ќе бидете во ситуација да ги разгледате своите реакции и постапки, а и ќе се зачудите што се можете да постигнете. Без оглед на тоа дали сте задоволни или незадоволни со себе, ќе научите многу за себе.

Здравје

Потрудете се да се ослободите од лошите навики. Можни се мали проблеми со кичмата овој месец.

  Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020
4, 7, 11, 16, 24

 

БЛИЗНАЦИ

Работа

Бидете подготвени да ги решите проблематичните ситуации и да им излезете во пресрет на напорните барања од страна на колегите и надредените. Ќе успеете да се вратите во истото темпо од порано, но прво треба да го завршите сето она што е заостанато. Внимавајте на луѓето околу вас за да избегнете конфликти и недоразбирања. Размислувајте и анализирајте, не постапувајте импулсивно.

Љубов

Ако сте во врска: Искористете го позитивното планетарно влијание за да го подобрите односот со саканата личност, особено ако ве мачеа конфликти и напнатост изминатиот период. Можен е и почеток на заеднички живот со саканата личност или купување и средување на домот. Голем дел од времето ќе го поминете во семејството а тоа ќе ви годи многу.

Ако сте слободни: Слободните Близнаци ќе се соочуваат со проблеми и падови. Не го сфаќајте тоа пресериозно, бидејќи не е поврзано со вас, туку со другата страна. Ова е период на трансформација.

Здравје

Потребно ви е движење и здрава исхрана, како и навики кои ќе ви помогнат да го регулирате здравјето.

Mesečni horoskop - srećni brojeviСреќни броеви за јули 2020

9, 14, 17, 20, 23

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА….

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.