Месечен хороскоп за ноември 2020. Застани, прочитај, добро размисли!

Претпоследниот месец во годинава – ноември, ќе биде убав период за поголем број на хороскопски знаци. Ова ќе биде месец во кој ќе се решат некои важни големи работи кои биле ставени на чекање, ова е време кога бизнисот ќе почне малку да мрда во нагорна линија, а нови романси некому ќе му го разубават животот

Овен

Важни датуми:  1, 3, 15, 18. i 30

Кариера и пари:

Ноември може да биде многу амбициозен месец, но, од друга страна, може да биде и напнат. Ќе имате силна мотивација за понатамошен успех на професионален план. Доколку планиравте да инвестирате во нешто, ова е вистинскиот месец, бидејќи вашата финансиска состојба ќе биде подобра од кога било оваа година.

Здравје:

Ве очекуваат стресни периоди со многу грижи, песимизам и меланхолични моменти, затоа, бидете подготвени. Одете на рутински преглед кај лекар.

Љубов:

Ѕвездите се чини дека нема да ви бидат наклонети овој месец кога станува збор за љубовта. Можно е да се соочите со препреки, страв и фрустрации. Оние кои се во врска, нека внимаваат, партнерот може да биде неверен. Кон крајот на месецот, оние кои не се во врска ќе ги очекува нешто ново и интересено.

Совет: Не гледајте ограничено на работите.

 

Бик

Важни датуми: 1, 13, 23, 25 и 26.

Кариера и пари:

На почетокот на ноември ќе имате можности да соработувате со важни личности што ќе ви донесат успех и финансиски прилив во втората недела од овој месец.

Здравје:

Доколку имавте проблеми со здравјето во последните неколку недели, овој месец можете да се опуштите малку, бидејќи ве очекува подобрување на вашата здравствена состојба. Релаксирајте се во домашна атмосфера со најблиските.

Љубов:

Ноември за вас ќе биде прилично емоционален месец, но и многу важен од љубовен аспект. Љубовта ќе ја барате во сите ќошиња и ќе се посветите на саканата личност. Кон крајот на месецот ве очекуваат настани на кои ќе треба да донесете важни одлуки.

Совет: Би било добро доколку не избрзувате во љубовните одлуки.

 

Близнаци

Важни датуми 6, 8, 19, 22. и 28

Кариера и пари:

Низ вашиот знак, овој месец ќе поминат повеќе планети, докажувајќи дека ова ќе биде месец на напнати активности. Можно е да се соочите со тешки задачи и „тешки“ луѓе. Вториот дел од месецот ќе биде многу повеќе релаксиран и да ви донесе успеси на професионален план. Што се однесува на финансиите, стрпете се од инвестирање.

Здравје:

Препорачливо е да се погрижите за вашето здравје, бидејќи овој месец е посебно критичен за вас. Кон крајот на месецот пазете се од сезонските настинки и грипови.

Љубов:

Доброто развивање на вашата моментална врска, или почетокот на некоја нова врска ќе зависат од вашиот начин на комуникација. Комуникацијата ќе ви биде оружје со кое ќе заведувате. Првата недела од овој месец сепак нема да биде добра колку што очекувате. Можна е караница со партнерот. Оние кои не се во врска, нека не очајуваат, наредниот месец ќе имаат повеќе среќа.

Совет: Бидете повеќе одговорни, не реагирајте импулсивно и останете прибрани

 

Рак

Важни датуми: 4, 9, 12, 17. и 28

Кариера и пари:

Пред вас е голема можност да учествувате во многу важен проект кој може да ја насочи вашата кариера кон вртогла успех. Ноември ќе биде одличен месец за поттикнување на вашата креативност кога станува збор за кариерата. Ќе имате одлична можност да ја покажете вашата харизма и способност на работното место.

Здравје:

Ќе зрачите со енергија и ќе бидете во добра форма. Шетањето и вежбањето ќе бидат вашите најдобри пријатели. И секако сексот! Сите овие активности ќе ви потрошат доста енергија и ќе ви помогнат да го отстраните стресот.

Љубов:

Подгответе се, следи месец полн со страсти, па немојте да се изненадите доколку во љубовта сѐ ви оди онака како што сте замислиле. Ве очекуваат неколку состаноци со некоја личност која полека ќе стане секојдневие во вашиот живот.

Совет: Не чекајте, направете го првиот чекор!

 

Лав

Важни датуми во ноември: 1, 4, 7, 26, 28.

Кариера и пари:

Нешто едноставно нема да ви оди како што треба. Дури иако сте успешни, само неколку луѓе ќе го забележат вашиот труд и стресот што го претрпувате. Ќе се чувствува многу напнатост на работа, а односите со колегите нема да ви бидат баш најдобри. Иако ќе имате финансиски притисок, парите сепак ќе најдат начин да стигнат до вас.

Здравје:

Ноември може да биде доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.

Љубов:

Работата и обврските ќе имаат важно влијание во вашиот љубовен живот месецов. Ќе бидете премногу зафатени, па со тоа ќе ја изгубите желбата за задоволство и забава.

Совет: Бидете трпеливи.

 

ПРОДОЛЖУВА НА СЛЕДНАТА СТРАНИЦА…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.