Месечен хороскоп за мај 2020 година

Овен

Љубов – Полесно се дише, нели? Имавте комплициран љубовен живот во изминатиот месец. Сега, во новиот месец работите делуваат многу пооптимистички во вашите емотивни врски. Доколку сте слободни, не би требало овој статус да биде ваков уште долго време.

Работа 
– Овој месец сте апсолутно способни да заработите. Не само што со вашиот труд ќе успеете многу работи, туку и ќе бидете миленик на среќата – па некои шанси сами од себе ќе се создадат пред вас. Малку трпение и компромис ви се потребни зошто може да кажете нешто без размислување и импулсивно. Можни се шанси за брза заработка, меѓутоа потребно е да бидете смирени и работите да ги правите полека за да не си ги уништите добрите можности.

Здравје – Потребна ви е физичка активност и движење.

Бик

Љубов – Неспоредливо подобра љубовна ситуација за зафатените Бикови. Чувството на незадоволство го оставивте зад себе, насочени сте кон саканата личност и ви одговараат заедничките моменти исполнети со задоволство, страст и уживање. Немојте здраво за готово да ги земате ваквите ситуации и да сметате дека сега е во ред и дека не треба да продолжите со труд кон саканата личност. Она што е најважно, немојте да дозволите некои ситуации „од страна“ да ве повлечат, да се вплеткаат во приказни кои ќе ви бидат интересни или кои ќе донесат нота на предизвик.

Работа 
– Во полето на работата и финансиите во текот на мај ќе бележите големи успеси. Партнерските односи ќе тргнат по нов, поуспешен правец – промените кои ќе ги внесете за брзо време ќе заживеат и ќе можете да сметате и на подобри финансиски приливи. Односот со колегите ќе успеете да го држите под контрола и воглавно ќе ја имате нивната поддршка и помош.

Здравје – Одлично ниво на енергија.

Близнаци

Љубов – Во текот на првиот дел од месецот вашите емотивни односи ќе доживуваат променливи ситуации – почесто ќе имате расправии и конфликти. Овој период е време за позитивни промени кои вие ќе ги создадете, а партнерот со задоволство ќе ги прифати. Крајот на месецот може да донесе некое затишје, особено ако бидете во фаза на тврдоглавост и инсистирање да го „истерате своето“.

Работа 
– На самиот почеток на месецот ќе имате чувство дека ситуациите од април само се повторуваат. Можности за дополнителни работни ангажмани се тука, само размислете дали ќе ви го пореметат ритамот на работа и моментални обврски.

Здравје – Заштедете енергија, не ја трошете за глупости.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА НАРЕДНАТА СТРАНИЦА 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.