Месечен хороскоп за мај 2020 година


Рак

Љубов – Љубовната прогноза за зафатените припадници на овој знак не е ни малку лоша кон крајот на мај, но очигледно е дека некои од вас ќе го променат својот статус. Имено, како што постојат големи можности, некои Ракови кои се во подолги емотивни врски може да дојдат до реализација на своите планови за заеднички живот или брак со саканата личност.

Работа – Отприлика, до половина на месецот очекувајте голема активност на ова поле – ќе имате многу состаноци, повици, контакти со бизнис партнери, соработници. Во сето ова ќе се снаоѓате како риба во вода, свесни дека вашите планови започнаа да се движат и сега морате да дадете се` од себе.

Здравје – Одлично расположение.

Лав

Љубов
 – Доколку сте зафатени, се чини дека вложувате само еден дел од себеси во однос на саканата личност. Потребно е со партнерот да се вратите на некои стари теми и да ги затворите. исто така, колку и да сакате да се затворите помеѓу четири ѕидови и да уживате во интимноста со саканата личност, ќе морате да сфатите дека и на двајцата ви е потребна живост, контакт со пријателите, излегувања. Доколку сте слободни – пријателите имаат големо влијание врз вас.

Работа – Одличен месец, во кој ќе успеете да се опоравите од ударите кои ви ги зададе април. Во текот на првите денови од мај, се` уште ќе брзате, ќе морате да се борите со разни околности кои нема да бидат на ваша страна, но после тој период ќе влезете во „помирни води“. Сонцето се наоѓа во вашето поле на кариерата, а во текот на вториот дел од мај, Меркур ќе ви донесе подобри контакти и полесни соработнички односи.

Здравје
 – Големи промени во расположението.

Девица

Љубов – 
Во првиот дел на мај се` уште ќе ве влечат последиците од случувањата од месец април. Односот со саканата личност ќе ви донесе доста интензивни и напорни моменти. Може да сте претерано љубоморни, посесивни, и во секој случај расположени за расправање. Но, работите во вашиот емотивен живот сепак полека доаѓаат на свое место.

Работа – Г
олема сила и иницијатива ќе вложите во работниот сегмент. Во текот на првиот дел од мај очекувате голема живост, активност, контакти со соработниците. Многу обврски со кои успешно ќе се снајдете на крај. Во вториот дел од месецот ќе успеете да ги соберее вистинските заслуги и вашите напори ќе бидат наградени.

Здравје
 – Ситни здравствени тегоби.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА НАРЕДНАТА СТРАНИЦА 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.