Во продажба е роденденскиот број на „Убавина и здравје“: Славиме 14 години!

Писмо на уредничката: Мај, те сакаме!

Фотограф: Мартин Трајановски

Постојат многу причини зошто го сакаме мај. Освен што е пријатно топол и зелен, ни носи и нова убава и ведра енергија. Но ние имаме причина повеќе да го сакаме и да му се радуваме на овој месец, бидејќи славиме роденден!

Пред 14 години за првпат на киосците се појави „Убавина и здравје“. Веднаш стана омилен женски магазин на огромен дел од македонската читателска публика, вклучувајќи ме и мене, која со задоволство го купував и читав ова списание.

Подоцна, низ годините, дојдоа и некои предизвици, но среќни сме што успеавме да го задржиме почитуваното и ценето место во вашите срца до овој момент, за што ви благодариме!

Вреди да истакнеме дека оваа година и новиот состав на редакцијата, вклучувајќи ме мене како уредничка, но и нашата компанија издавач „Колор медиа плус“, славиме пет години постоење. Можеби звучи како мал, но за нас е многу значаен јубилеј, на кој му се радуваме, а сигурни сме дека и вие ќе ја споделите нашата радост.

Во 2017-та, повторно во мај, со голем ентузијазам го создадовме и испечативме нашиот прв број на овој магазин.

Бевме и останавме многу вредни, со големи напори да го одржиме и надградиме овој магазин, но и работењето на нашата компанија во согласност со сите технолошки иновации, како и потребите на нашите нови читатели на магазинот и порталот и следбениците на нашите социјални мрежи, кои се екстензија на „Убавина и здравје“.

Фото: Спасе Јовановски

Се запознавме и остваривме соработка со многу клиенти и брендови, а со голем дел од нив станавме вистински партнери и пријатели, што ја претвори нашата работа во вистинско задоволство.

Отворивме и наша онлајн продавница и основавме наш моден бренд, организиравме конференции и манифестации преку кои и понепосредно се дружиме со вас…

Сево ова не е отчет, туку споделување на нашата причина зошто сме вљубени во месецот мај.

Во мај се случуваат магично убави нешта, можеби и вам ќе ви донесе остварување на некои мечти… Силно посакајте!

 

Ве сакаме! 

Главна и одговорна уредничка Јована Стојменовиќ.

Фотограф: Мартин Трајановски

Насловната страница на 161-от број на списанието ја красат манекенките Симона Величковски, Елена Реи и Горјана Кулишевска облечени во прекрасните модели на брендот ZERO, чиј основач и моден дизајнер е Огнен Анѓушев.

Во продолжение, погледнете што ќе читате во 161-от, роденденски број на „Убавина и здравје“!

Текст: Јована Стојменовиќ

Фото: Убавина и здравје         

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време