Твитерџиите со урнебесни коментари за обидот на Кендал Џенер да исече – краставица! „За малку ќе си го шинеше рамото!“ (ВИДЕО)

Хаос

Во реалното шоу The Kardashians, кое се емитува на „Хулу“, 26-годишната макененка и полусестра на Ким Кардашијан пред камерите одлучила да ги демонстрира своите кулинарски (не)вештини.

Имено, Кендал Џенер во најновата епизода дошла во вилата на својата мајка во Калабасас и сфатила дека е гладна, па одлучила да си приготви јадење. Џенер го одбила предлогот на мајка си Крис готвачот да ѝ направи нешто за јадење и заклучила дека може и самата да си приготви оброк, бидејќи „сечењето краставица не е тешко“.

Но во видеото, кое со брзина на светлината се распространи низ социјалните мрежи, покажува дека воопшто не ѝ е лесно во тоа што го правела.

Гледајќи ја ќерката како се мачи, Крис го прашала готвачот:

Ќе сакате ли да го исечете ова за неа?“, но Кендал го одбила предлогот.

Видеото предизвика многубројни коментари:

Пред еден час ја гледав Кендал Џенер како се обидува да исече краставица. Се чувствувам малку супериорно, но главно сиромашно“.

Опседната сум со обидот Кендал Џенер да докаже дека не е разгалена богаташка кој речиси заврши така што си го исчаши рамото, обидувајќи се да исече краставица, „Гледањето на Кендал Џенер како сече краставица е една од најболните работи во мојот живот“, „Ова е најтрагичното нешто кое сум го посведочила“, гласат коментарите.

 

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.