Му се смееја на милијардерот како изгледа БЕЗ МАИЦА, а еве што вели тој за коментарот дека е КАКО ВАРЕНА КОКОШКА

Слобода за брадавиците!

Кога Илон Маск ќе им одговори на злобниците…

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, овој месец одморал на Миконос и бил најследениот турист на овој грчки остров. Но, секако, и најмногу критикуван, и тоа поради тоа како изгледа во костим за капење. А и имаше што да каже и за тоа.

Откако се појавија фотографии од Илон Маск во класичен костим за капење (замислете што ќе се случеше ако облече попровокативен модел), твитерџиите почнаа да пишуваат дека е како духот Каспер, дека изгледа како бела техника, па дури и дека е како варено пилешко.

Маск, секако, го прочита сето тоа и одговори:

Ха – ха… можеби треба почесто да ја соблекувам маицата.. Слобода за брадавиците!!!“.

Тој откри и дека повеќе не е на Миконос, туку дома, пренесува „Нујзвик“.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.